26 Декември, 2024
0.0296

МАКЕДОНСКИ РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Му треба ли ветер во грб?

Објавено во: Македонија 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Дихово, Брајчино, Беловиште,  Лазарополе, Тресонче, Смоларе се само дел од убавите македонски села, каде руралниот туризам би можел да се развива по нагорна линија, но потребен е ветер во грб.

Некои од  овие села ги посетуваат претежно македонски граѓани и најчесто за празниците 1 мај,  2 август, Велигден или Нова година.  Но, има и села кои можат да се пофалат со голем број на странски гости.

Божидар Вујевсиновиќ од битолското село Дихово вели дека во вилата „Илинден 1903“ доаѓаат Германци, Французи, Италијанци, Холанѓани и други.  За домашните посетители објаснува дека го посетуваат Дихово за 1 мај и Нова година. Ова село е лоцирано на 5 км од Битола, но многу од Македонците не знаат каква убавина и недопрена природа има таму.

„Странците се презадоволни, им се допаѓа нашата природа, храна, а цените за нив се пристапни. Тие за Дихово се информирале на интернет, а кога доаѓаат имаат водич со себе за тоа колку чинат услугите, почнувајќи од такси превозот кој од Битола чини не повеќе од 2.5 евра. Нашите луѓе не се заинтересирани за да одмораат во село, тие повеќе сакаат да одат во Грција на море, а нашето не си го цениме доволно. Можеби и не е промовирано доволно Дихово, а има добра инфраструктура, има продавница,  блиску е до градот“ – вели нашиот соговорник.

Во околината на Тетово, на надморска височина од 669 метри се наоѓа селото Беловиште. Низ селото поминува Беловишка Река, а бројот на постојани жители е околу 250. Селото е идеално за бегство од летните горештини.

„Во Беловиште има огромен потенцијал за развој на туризмот. Туристи доаѓаат претежно во летниот период, кога се бега од жештината во градските средини. Заради густата шума и свежиот провев по течението на реката, температурите се идеални за разладување. Од угостителски објекти, во селото има четири ресторани, од кои три се активни. Сите три работат преку целата година и располагаат со голем капацитет, сопствени базени за снабдување со свежа риба и  добра храна. Во летниот период, особено за време на викендите и празниците, сите места во рестораните се преполни“ – вели Александар Ѓорѓевски, жител на тетовско Беловиште.

На 30-тина км од Ресен се наоѓа Брајчино кое е надалеку познато туристичко место. Луѓето кои таму нудат сместување велат дека надлежните не им помагаат многу за привлекување на гости, туку самите се принудени да бараат туристи и да воспоставуваат врски.

„Порано работевме многу со Швајцарци, потоа имаше Холанѓани, а сега повеќе ни доаѓаат домашни гости. Имаме и тури од Бугарија. Даноци плаќаме, а мораме сами да се снаоѓаме за повеќе гости, сами да се интересираме. Овде има природа, планина, пастрмка, цркви, манастири, има што да се види. Гостите почнуваат да доаѓаат од април, мај, па се до септември, или евентуално октомври ако е убаво времето“ – вели жена која издава вила во Брајчино.

Таа додава дека бројот на гости варира, и има месеци кога нема ниту еден посетител,  а има и месеци кога голем број туристи доаѓаат во групи. Сепак, таа смета дека добро е капацитетите за сместување во Брајчино да се зголемат.

За споредба, руралниот туризам зазема значајно место во ставката на бруто домашниот приход на ЕУ. Овој вид на туризам во  земјите на ЕУ има создадено 900.000 директни и индиректни работни места.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија