Македонски Телеком ги израдува студентите: Компјутери и опрема доби студентскиот дом „Гоце Делчев“
Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2016 14:09
Со компјутерска донација во износ од 900 илјади денари денеска „Македонски Телеком“ ги израдува студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Читалната во реновираниот блок „Б“ е збогатена со опрема од 20 нови десктоп компјутери, два ТВ уреди и два печатачи а студентите добија и бежичен интернет како и пакет услуги на Македонски Телеком: Telekom HotSpot, MaxTV пакети и два телевизиски пакети MaxSport+.
Донацијата пред медиумите ја претстави иректорот на стратегија и корпоративни комуиникации во Македонски Телеком Климентина Тунтева Кржаловска а пред јавноста се обрати и заменикот министер за образование и наука Спиро Ристовски.
„Основен мотив за за донацијата е поддршката на младите, образованието и унапредувањето на информатичкото општество, како и дека со опремувањето на читалната студентите добиваат современо катче за учење, информирање и дружење“, изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и корпоративни комуникации во Македонски Телеком.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, изрази голема благодарност до Македонски Телеком за целосната поддршка од нивна страна за обезбедување на потребната компјутерска и дигитална опрема, за современата читална за студентите во неодамна реновираниот блок Б.
„Оваа донација е еден исклучителен гест за почит и потврда за корпоративна општествена одговорност, која се надевам и понатаму ќе биде на високо ниво и преку една коректна соработка на бизнис секторот со нас, како Министерство и Влада, ќе продолжи да дава позитивен придонес во унапредувањето не само на студентскиот стандард, туку и на бројни други сфери и области.“
Македонски Телеком во насока на својата стратегија за поврзани живот и работа, ги поддржува проектите за поддршкаиразвој на дигиталнотоопштествои унапредувањето на живототи образованието на младите.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА






