27 Јули, 2024
0.0649

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија со должина од еден километар, под површината на Дебарско Езеро. Ова е пионерски чекор во развојот на телекомуникациската инфраструктура во земјата и ќе овозможиподобра поврзаност и поквалитетна услуга за корисниците.

„Изградбата на најдобрата мрежа е наш приоритет. Инвестираме во најсовремените технологии и постојанонаоѓаме нови и алтернативни начини за ширење на оптичката мрежа.  Со поставувањето на овој подводен оптички кабел, јапотврдуваме нашата посветеност да обезбедуваме најквалитетна и најсигурна услуга за нашите корисници и да бидеме чекор пред предизвиците на иднината.“ - изјави Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком. 

Со овој чекор се зајакнува постоечката мрежна инфраструктура и се отвораат можности за поврзување повеќе базни станици и приклучоци на оптика во Дебарскиот регион, односно населените места Папрадник, Новак, Нерези и Јабланица. Овој подводен оптички кабел со должина од 1 км обезбедува подобра мрежна стабилност на територија од 6,32 км2во тој регион.


Подводниот оптички кабел беше поставен во контролирана подводна траса, без копање и измени на околината, а процесот беше завршен брзо и ефикасно, во текот на еден ден, зачувувајќи ја притоа природната убавина на регионот.

Нашите тимови го поставија кабелот со поддршка на специјална нуркачка екипа од Грција, со искуство во поставување подводни кабли за телекомуникациски услуги во рамките на Дојче Телеком.


Овој проект, во кој се користат алтернативни начини за ширење и зајакнување на оптичката инфраструктура, дополнително ја  зацврстува позицијата на Македонски Телеком како лидер во примената на нови технологии за најдобри телекомуникациски услуги во Македонија.



Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Нови летни промоции од МТЕЛ, за возбудливи патувања полни спомени

Нови летни промоции од МТЕЛ, за возбудливи патувања полни спомени