27 Јули, 2024
0.0429

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Samsung со особено задоволство го најавува настанот Galaxy AI Café, уникатно искуство кое пристига на атрактивната плажа Куба Либре во Охрид. Овој пионерски настан, кој ќе се одржува од 27 јули до 25 август, е воедно првиот од ваков вид на настани во Македонија, и ги поканува сите тек-ентузијасти и љубопитни умови да ги истражат најмодерните можности на најновите иновации на Samsung, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6. На Galaxy AI Café, посетителите ќе имаат ексклузивна можност лично да ги испробаат овие револуционерни уреди, а за секоја информација ќе можат да им се обратат на обучените промотери на Samsung.

Galaxy Z Fold6е подготвен да импресионира со својот голем екран, кој ја издигнува продуктивноста до нови височини. Присутните можат од прва рака да ги искусат функциите Galaxy AI*, како Пребарување со заокружување (Circle to Search) и Асистент за белешки (Note Assist), алатки дизајнирани да го олеснат Вашиот работен тек и да ја засилат Вашата ефикасност. Овој импресивен паметен телефон дефинитивно ќе Ви го привлече вниманието со своите иновативни карактеристики, како што е чипсетот Snapdragon 8 Gen 3, најмоќниот чипсет за Android моментално на пазарот, како и подобрените функции со вештачка интелигенција оптимизирани за уреди на преклоп, како што е режимот за превод во реално време кој може да прикажува разговори на секоја половина од екранот. Овие достигнувања го прават Galaxy Z Fold6 извонреден уред во областа на технологијата за преклопување.

Galaxy Z Flip6 од друга страна ја прикажува револуционерната камера FlexCam, која го редефинира начинот на кој го фотографираме и споделуваме нашиот свет. Заедно со Galaxy AI Flex Zoom со автоматско кадрирање и функцијата Преведувач, ја подобруваат комуникацијата во сè поповрзаниот свет. Во овој извонреден паметен телефон се споени стилот и функционалноста, благодарение на иновативните карактеристики. Неговите подобрени камери способни да снимаат 4K видео, и предноста на неговиот фактор на форма ќе овозможат импресивни фотографии и селфија, сликани од разновидни агли и иновативна употреба на надворешниот екран. Системот на камерати на Galaxy Z Flip6, кој користи вештачка интелигенција за неверојатна фотографија, претставува значителен чекор напред од претходните модели, обезбедувајќи им на корисниците помоќно и пофлексибилно фотографско искуство. Дополнително, Galaxy Z Flip6 поседува и можности за Galaxy AI, како што се преводи во живо и помош за разговор, што го прави паметен избор за тек-ентузијастите.

Настанот Galaxy AI Café,кој започнува утре и ќе продолжи во следните 30 дена, не е само сведоштво за технологијата, туку е и можност да навлезете во неа. Samsung ве поканува да ни се придружите на прекрасното Охридско Езеро и да ја видите, допрете и искусите иднината на мобилната технологија. Дојдете и бидете дел од движењето што го преобликува начинот на кој комуницираме со нашите уреди и со светот околу нас.

*пр-објава

Можеби ќе ве интересира

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Нови летни промоции од МТЕЛ, за возбудливи патувања полни спомени

Нови летни промоции од МТЕЛ, за возбудливи патувања полни спомени