24 Ноември, 2024
0.0283

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

НЛБ Банкабележи успешни деловни перформанси во првото полугодие од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката.Работејќи согласно усвоената Деловна политика за 2024 година, во првите шест месеци, НЛБ Банка обезбеди кредитна поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во економијата на државата, како и поддршка на заедницата преку бројни општествено одговорни проекти и одржливо работење. 

Во периодот од 01.01.2024 до 30.06.2024 година, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 1.641 милиониМКД, што претставува зголемување за 13,1% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, а што пак е резултат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, како и зголемен број на корисници на платните и платежни сервиси на Банката.

Банката бележи зголемување и кај кредитите кај небанкарскиот сектор од 5.5% и зголемување на вкупните депозити од 3.2%, споредено со истиот период претходната година.

Во наведениот период, НЛБ Банка успешно работеше и на полето на општествената одговорност со реализација на бројни донации и спонзорства во првите шест месеци од годината, меѓу коипозначајни се: донација за Асоцијацијата за цистична фиброза чиј патрон е Банката; реновирање на читална во Националната универзитетска библиотека во соработка со Кроација Живот; поддршка на нашиот тим на Светското првенство во роботика; поддршка на младински, професионален, но и пара спорт во соработка со Специјалната олимпијада, како и на значајни проекти од областа на културата, музиката и традицијата како: Охридско лето, Галичка свадба, концертната сезона на Авалон и низа други.  

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да делува во насока на поддршка и развојво земјата, давајќи придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат дигитализацијата, технолошките иновации и примената на вештачката интелигенција. Воедно и подобрено клиентско искуство и унапредена поддршка на клиентите преку зајакнување на улогата на контакт-центарот, развој на информативниот систем, проширување на палетата на производи и услуги и зголемување на квалитетот на услугите, грижата за човечките ресурси на Банката како главен столб на квалитетното работење и силната посветеност кон заштита на животната средина и социјалните аспекти.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“