Македонски телеком и Т-Мобиле ќе ги објават петте победници на конкурсот за партнерство за иновации
Објавено во: Мои пари 19 Април, 2013 11:50
Македонски телеком и Т-Мобиле денеска ќе ги објават петте победници на конкурсот за партнерство за иновации, на кој во одредениот рок, од 12 декември 2012 до 15 февруари 2013, биле пријавени 78 проекти од Македонија.
Конечниот избор на петте најуспешни концепти го направи експертска жири-комисија врз основа на претходно објавените критериуми и стратешките планови на компанијата.
Задачата на учесниците на конкурсот беше да разработат нови идеи и концепти кои ќе може да се користат во рамки на интерактивни медиумски апликации, апликации и услуги за е-влада, социјални мрежи и мобилност. Фокусот беше на новите облици на интерактивност и дигитална разонода, како и на комуникации и услуги за подобрување на секојдневието.
Петте избрани проекти ќе бидат развиени и имплементирани преку склучување партнерство со Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија, а за нивна реализација двете компании ќе инвестираат 100.000 евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





