19 Декември, 2025
0.0736

„Македонски телеком” има најмногу активни претплатници покажа анализата на АЕК

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2023 15:20

Добивај вести на Viber

Бројот на активните претплатници во мобилната телефонија заклучно со третиот квартал лани достигна 2.048.236 и бележи зголемување за 115 илјади во однос на претходното тримесечје кога беа регистрирани 1.932.608 претплатници. Тоа е продолжение и на претходниот раст на квартално ниво, кога во вториот во однос на првиот квартал, имаше зголемување за на бројот на претплатници за 20.000, покажуваат најновите податоци за развојот на пазарот на електронски комуникации а кои ги објави МИА.

Од вкупниот број претплатници во третиот квартал од 2022 година, 249.034 се деловни пост пеид, додека кај резиденцијалните 934.656 се пост пеид, а 864.546 при пеид, покажуваат најновите податоци за развојот на пазарот на електронски комуникации кои ги објави МИА.

Најголем удел во вкупниот број активни претплатници има „Македонски телеком” со 48,3 проценти, пред „А1 Македонија” со 47,46 проценти, „Лајка Мобајл” 2,87 проценти, „Роби” 1,17 и „Греен мобиле” од 0,08 проценти. „Македонски телеком” има и најголем удел во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) со 51,86 проценти, по што следи „А1 Македонија” со 46,49 проценти, „Роби” со 0,84 проценти, „Лајка Мобиле” со 0,70 проценти и „Греен мобиле” со 0,11 проценти.

Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации во третото тримесечие од 2022 година имало 1.581.835 претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа.

Од нив на „Македонски телеком” отпаѓаат 48,51 процент, „А1 Македонија” 47, 67 проценти, „Лајка Мобајл” 2,21, „Роби” 1,51 и „Греен мобиле” 0,10 проценти. Во однос на вториот квартал, претплатниците со пристап до интернет се зголемиле за 162 илјади.

Во фиксната телефонија, во третиот квартал лани АЕК евидентира 436.182 линии од сите технологии и 24.545.561 минути сообраќај. И тука има зголемување на квартално ниво во однос на вториот квартал кога имало 432.086 линии.

Во третиот квартал од 2022 година преку „Македонски телеком” се 51,94 проценти од фиксните линии, „А1 Македонија” има 41,32 проценти, „Роби” 4,06 проценти, „Неотел” 1,96 проценти и „Актон” 0,72 проценти.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии