20 Декември, 2025
0.0394

Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком се претстави на Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2017 13:21

Добивај вести на Viber

Иновативни решенија за првпат се тестираат во Македонија

Македонски телеком на Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона ги презентираше новите „Well – FI“и „Seamless Connectivity“ решенија кои се развиени од Дојче Телеком. Македонија е првата земја во групацијата каде се тестираат овие пилот проекти, а се очекува веќе наредната година да бидат достапни за корисниците.

„Со новите решенија ќе им овозможиме на корисниците поголема брзина, сигурност и капацитет на интернет услугите. Со комбинација на фиксната и на мобилната мрежа ќе се добие подобар сигнал во секое време и на секое место. Секаде ќе обезбедиме добро поврзување за корисникот да ужива во подобри услуги без разлика каде и да се наоѓа “, изјави Андреас Маиерхофер-главен извршен директор на Македонски телеком.

На Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона, голем интерес предизвика 5 G технологијата на иднината која ја презентираше Дојче Телеком. Оваа технологија не само што ќе донесе поголема стабилност на сигналот и побрз интернет, туку и ќе направи голем исчекор во секојдневниот живот и бизнисот. 5G сосема ќе го смени начинот на кој функционира нашето општество: машините ќе комуницираат со други машини, ќе живееме во паметни домови и паметни градови, ќе возиме паметни автомобили, како и многу други придобивки, кои денес не можеме ни да ги замислиме.Се очекува оваа технологија да биде имплементирана во Европа до 2020 година.

На светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона се претставија 800 оператори и 300 компании во светот. 

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии