Македонски Телеком ќе додели педесет фудбалски стипендии за талентирани деца
Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2018
§ Најдобрите ќе се одбираат преку https://www.footballstars.mk Пред самиот почеток на најголемиот светски фудбалски настан, Македонски Телеком почнува нова кампања со слоган: „Ги поддржуваме ѕвездите на иднината" за поддршка на млади талентирани идни фудбалери. Телеком ќе обезбеди педесет стипендии за деца од седум до дванаесет години за фудбалската академија на ФК Вардар. Целта на оваа иницијатива е да им се даде поттик на талентираните деца да го остварат својот потенцијал. На веб-страницата www.footballstars.mk се дадени сите детали за процесот на аплицирање и селекција на најталентираните. За почеток сите заинтересирани треба да снимат видео во кое ќе покажат колку се вешти со топка и тоа во жонглирање, водење топка и завршница со шут на гол. Потоа, од испратените видеа скаутите од Фудбалската амадемија на ФК Вардар ќе селектираат поголем број талентирани играчи кои ќе бидат повикани на голем настан во Скопје. На настанот ќе бидат организирани повеќе фудбалски мечеви каде што младите фудбалери ќе можат во живо да го покажат својот талент. Скаутите на крај ќе одберат 50 најталентирани кои ќе ги добијат стипендиите. |
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.