06 Декември, 2025
0.0687

Македонски Телеком оствари одлични финансиски резултати, капитални инвестиции и раст во првите девет месеци на годината

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2025 14:14

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и во третиот квартал на годината. Продолжува трендот на големи инвестиции во развој и модернизација на мрежата, раст во сите сегменти, зголемување на бројот на корисници и фокус на најдоброто корисничко искуство.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 6,1 проценти споредено со минатата година, ането добивката бележи раст од 14,9 проценти. И приходите од продажба на крајот од првите девет месеци од 2025 година се зголемени за 1,6 проценти.

Како резултат на нашата посветеност на креирање и спроведување паметни решенија зголемени се и приходите од системската ИТ интеграција за дури 28,6 проценти.

Инвестиции и ширење на мрежата

Со стратешко инвестирање продолжуваме да ја шириме и модернизираме мрежата и да воведуваме нови технологии. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од третиот квартал од 2025 година изнесуваат 1.614 милиони денари, што е зголемување за 44,9% во споредба со истиот период од минатата година.

Нашата 5G мрежа е достапна за 97 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Со најголемата оптичка инфраструктура покриваме 60,45 проценти од домаќинствата или 361 илјада пристапи до оптика што е речиси двојно повеќе во споредба со  сите  останати оператори на пазарот заедно и 6,6 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Супериорно корисничко искуство

Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија. Нашата посветеност на супериорно корисничко искуство донесе зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,4 проценти и изнесува 224 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,3 проценти. Во мобилните комуникации, се бележи благо зголемување на базата на корисници која изнесува 1,3 милиони. Во фиксната телефонија, ја задржуваме водечката позиција со 62,7 проценти. И на ТВ пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 37,4 проценти. Новата генерација дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена што донесе и раст од 6,7 проценти или 165,9 илјади корисници.

Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците - Magenta Moments, достигнавме 341 000 корисници.

Позитивните резултати и континуираниот раст во сите сегменти се резултат на нашето стратешко инвестирање во најдобрата мрежа и супериорно корисничко искуство. 

ПР Објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј