Македонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС кон Турција и Сирија
Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2023 14:27
Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес, Македонски Телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС пораки кон Турција и Сиријаза своите приватни и деловни корисницина фиксна и мобилна линија. Бесплатни се и повиците и СМС пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земјиво периодот од 10 февруари 2023 година (00:00 часот) до 20 февруари 2023 година (24:00 часот).
На овој начин роднините на афектираните лица ќе можат полесно да бидат во контакт со нив. Дополнително, вака им се дава поддршка и на лицата коишто обезбедуваат помош на лице место.
Граѓаните можат да ја изразат својата солидарност со донација од 100 денари на бројот 143 400, отворен во соработка со Црвениот Крст.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




