15 Декември, 2025
0.0304

Македонски Телеком продолжува со силни инвестиции и раст и во првото тримесечје на 2025 година

Објавено во: Економија 30 Април, 2025 13:30

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком го заврши првото тримесечје на годината со финансиски раст и силни инвестиции со кои се гради клучна инфраструктура и се забрзува дигитализацијата на земјата. Фокусот на најмодерни технологии и најдобро корисничко искуство донесе зголемување на корисничката база и стабилни финансиски резултати.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите три месеци од 2025 година, изнесуваат 423милиони денари наспроти 341 милион денари на крајот од истиот период од минатата година. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 1,1 проценти споредено со минатата година, додека EBITDA маргината забележа раст од 2,1%; нето добивката бележи благ пад од 1,5 проценти.

Експанзија на најголемата гигабитна мрежа

Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура и најновите технологии го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа. Остануваме лидери во покриеност со оптика и денес имаме 351 илјади пристапи до оптика, што е за 8,5 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. Нашата 5G мрежа е достапна за 95 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови. Продолжуваме да ја шириме и развиваме инфраструктурата за да овозможиме беспрекорна поврзаност и пристап до дигиталното поврзано општествоза сите.

Супериорно корисничко искуство

Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги, донесе зголемување на бројот на корисници во сите сегменти. Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 300 000 корисници.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 219 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,6проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е стабилна со 1,26милионикорисници. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 234илјади корисници.  Според индексот TRI*Mза мерење на задоволството на корисниците, рангирани сме како водечки телекомуникациски бренд во Македонија.

Лидерство на ТВ пазарот

На ТВ пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 36,5 проценти. Новата генерација на дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена, што донесе раст од 6,9 проценти или 161,5 илјади корисници. Иновативната ТВ платформа нуди ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците, што донесе зголемување на приходите од дигитална телевизија од 3,3% во споредба со истиот период од претходната година.

И во 2025 година продолжуваме со стратегијата за силни инвестиции за да го обезбедиме најдоброто за нашите корисници, посветени да изградиме поврзано дигитално општество за сите. 

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност