Македонски Телеком со извонредни понуди во месецот на вљубените
Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2017 12:32
Супер пар пакет со 2 припејд СИМ картички за бесплатни меѓусебни разговори
Голем и ексклузивен попуст на iPhone 7, како и на Samsung Galaxy S7 или Samsung Galaxy S7 Edge
Македонски Телеком во месецот кога се одбележува љубовта, подготви извонредни понуди за своите припејд и постпејд корисници. Новата припејд понуда е идеален подарок за сите лудо вљубени и со неа корисниците за само 299 денари го добиваат Супер пар пакетот со 2 припејд СИМ картички, коишто имаат можност да зборуваат меѓусебе бесплатно. Дополнително, секоја СИМ картичкае со 149,5 денари вклучени за разговори, интернет, ЅМЅ или активирање пакети.
Во месецот на вљубените, освен за припејд корисниците, Македонски Телеком подготви изненадување и за постпјед корисниците. Доколку корисниците бараат нов телефон, сега е вистинскиот момент да го купат долго посакуваниот смартфон, и тоа со супер попуст. Најдобриот телефон iPhone 7 со 32 GB меморија може да се добие со 25 отсто попуст во Smart L тарифата. Исто така, со намалена цена од 20 отсто може да се купат и Samsung Galaxy S7 или Samsung Galaxy S7 Edge во Smart L тарифата.
Промоцијата трае до 15 февруари 2017 година, со склучен Договор за Доверба 24. Количините на смартфони од понудата се ограничени.
Повеќе информации за празничните понуди на Македонски Телеком корисниците можат да добијат на веб страницата www.telekom.mk, на телефонскиот број 122 или во најблиската Телеком продавница.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




