Добивај вести на Viber
Големи домашни трговски синџири се заинтересирани за купување на акциите на „Славија“.
Судбината на македонската компанија ќе се знае за десетина дена кога треба да се спроведе берзанската проджаба. Според резвизорските извешати претходните управители на компанијата располагале со огромен профит кој не се знае каде завршувал, пишува Дневник.
Од издавање на деловниот простор на некогашниот гигант милиони евра до пред две години оделе на непознати сметки. Државата ги одзеде акциите од тројца луѓе кои не се знае што правеле со профитот.
-Во мај 2011 година нарачан е ревизорскиот извештај за работењето на компанијата во периодот од 2007 до 2010 година бидејќи немаше документи за претходниот период. Извештајот покажа дека многу пари во тој период завршувале на непознати сметки, најчесто на адвокати, за непотпишани договори, достасани ненаплатени обврски за закупнина, како и дебели плати за вработени кои воопшто не се појавувале на работа.