Добивај вести на Viber
Искршени возила и украдени таблички, вака македонски туристи беа дочекани во Грција за време на празниците.
Сопствениците на автомобилите случајот го пријавиле на граничниот премин Богородица, а информацијата е потврдена и од полицијата. Оттаму истакнуваат дека се работи за пет возила кои останале без своите регистерски таблички и еден оштетен автомобил. Настанот се случил во местото Ханиоти.
Ова не е прв пат возила на македонски туристи да бидат на мета на грчки националисти.