02 Декември, 2024
0.0824

Македонскиот добиток јаде најскапа храна!

Објавено во: Агробизнис 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Исхраната на добитокот е пресудна за рентабилно сточарско производство и  квалитетен финален сточарски производ. Овој парагенетски фактор е важен за сите домашни животни. На пример, во време кога има зголемена лактација кај кравите, препорачливо е сточарите да внимаваат на квалитетот на добиточната храна и роковите за исхрана, односно хранење. Во сточарството, соодветната исхрана на животните за производство на месо, млеко, јајца или волна е есенцијална компонента на тоталното агропретриемништво, вели во интервју за Фактор професорот доктор Среќко Ѓоргиевски, од Институтот за анимална биотехнологија раководител на катедра за исхрана и технологија на добиточна храна при Факултетот за земјоделски науки и храна Фактор: Какво е значењето на исхраната во сточарството, односно колку сточарите треба да внимаваат каква добиточна храна ќе употребуваат во исхраната на животните? -Профитабилноста на сточарското производство зависи од исхраната на добитокот.  Би им советувал на сточарите, дека прв фактор во исхраната е влезниот квалитет на храната што се произведува, на временските рокови на подготовка на храната, да тежнеат да ја окрупнат механизација, да ги намалат влезните трошоци за добиточна храна, а така ќе ги подобрат и крајните ефекти од производството. Квалитетната храна ќе го поевтини сточарскиот производ, но неквалитетната ќе го поскапи производот. Со ова ние стануваме помалку или повеке конкурентни со финалните сточарски производи на домашниот и странскиот пазар. Колку е поквалитетна храната толку ќе биде поголемо и поквалитетно производството. Во однос на тоа дали сточарите внимаваат доволна на исхраната на добитокот ќе кажам дека тоа е циклично. Кога цената на производот е добра сточарите не штедат на храна и се повеке инвестираат во тој дел. Но кога цената на производот опаѓа тогаш сточарите ги намалуваат скапите конпоненти во храната или целосно ги избегнуваат па на крај честопати проиводот скапо ке ги чини. Затоа е неопходно да се изготви посебна стратегија за производство на добиточна храна. Фактор: Точно ли е дека македонскиот производ јаде најскапа добиточна храна? -Делумно е точно дека македонскиот добиток јаде најскапа добитична храна. Во земјава има околу 500.000 хектари обработливи површини, од нив дел се необработени, дел е меѓа, дел не се користи правилно. Ние не можеме да се носиме со големите производители на добиточна храна од регионот. Треба да тежнееме кон зголемување и обезбедување на површини за производство на кабеста храна, а која е најмалку со 50% вклучена во дневните потреби на говедата и овците. Сметам дека потребите за кабеста храна ги во поголем процент ги задоволуваме од сопствено производство,а увезуваме крмни смески, пченка, соја и сончоглед. Македонија делумно произведува сончоглед и соја. Вкупниот увоз изнесува околу 70.000 тони годишно, од кои најголемиот дел отпаѓа на пченката во зрно, а редоследно идат потоа сојата, сончогледот, премиксите (минерално-витамински додатоци и др). Леснотијата или тешкотијата за едно профитабилно сточарство е сигурно поврзано со влезните трошоци направени за набавка на добиточна храна. Цената на еден сточарски производ зависи од храната што е потрошена за неговото производство. Од 50% до 80% од цената на чинење на еден сточарски производ отпаѓа токму на потрошената храна во производството на производот. СОСТОЈБАТА СО ПАСИШТАТА  Фактор: Каква е состојбата со пасиштата и дали тие можат да бидат добар извор за добиточна храна? -Состојбата со пасиштата е различна од година во година, секако дека се извор на енергија и протеини, особено во овчарството. Но, производството на зелена маса варира од година во година. Но, сепак мерките што ги спроведува Јавното претпријатие за пасишта, не гарантираат дека ќе има доволно сува материја на пасиштата, и тоа зборува дека е потребно ова номадско одгледување да биде поддржано и со прихрана на животните во летниот период. Ако сакаме поинтензивно сточарење мора да се прихрануваат, бидејќи некои години ќе има доволно сува материја некои не. Затоа потребен е еден системски приод на пасиштата, да се испита нивниот ботанички состав и принос, за да знаеме со што располагаме. Намалувањето на бројот на овците негативно влијаеше врз состојбата со пасиштата, што придонесе дел од пасиштата да се уништат и да се обраснат со нискотеблести растенија, состојба која што мора да се реши. Фактор: Ќе се согласите дека треба да се поддржува домашното производство на добиточна храна, бидејќи тоа е најсигурно и најевтино. Но, како што рековте произведуваме само кабеста храна, а друго се увезуваме. Со каков квалитет е увозната храна? -Најважно е да имаме домашно производство, тоа е неопходно за стабилно сточарско производство. Пазарот со храна за животни е многу важно да биде регулиран. Ако нема домашен притисок врз цената на таа храна, тогаш цената ќе ја фомираат увозниците. Затое е важно да го поддржиме домашното производство. Државата дава субвенции и тие како износ се добри. Увезената добиточна храна е под константна контрола на земјоделскиот инспекторат. Но, оваа година се појави на пазарот на храна за животни, пченка, во која има зголемено количество на микотоксинот афлатоксин. Оваа ситуација мора со голема сериозност да се менаџира, бидејќи од сите микотоскини, афлатоксинот е најопасен, бидејќи е канцероген. Покрај, тоа преку храната се префрла во производите (млекото) како метаболит –афлатоксин М1. Пазар на црно нема, но во услови кога цената на храната за животни е висока, тогаш се појавуваат на пазарот смески, најчесто под името мешана добиточна храна, која не ги задоволува минималните услови за квалитет, кои произлегуваат од подзаконските акти. Најважна е транспарентноста при овие случаи, бидејќи таа храна не е штетна, но мора да се декларира дека е произведена според производна спецификација, и дека не ги задоволува дневните потреби на одредени видови и категории на животни. Оваа појава е најчесто поврзана и со намерата за намалување на влезните трошоци, што сепак на крај дава полоши економски резултати. Несообразноста на параметрите на увезената добиточна храна со домашните стандарди често пати е еден од факторите за нестабилно сточарско производство. На овој фактор се надоврзува и домашното производство на добиточна храна. За илустрација само, во Република Македонија, во текот на една година просечно се мелат, мешаат и ставаат во промет преку 200.000 тони индудстриски произведена добиточна храна во вид на комплетни, дополнителни крмни смески и предсмески. Фактор: Каква е состојбата на терен, колку увезуваме, односно колку проценти од добиточната храна се покрива од домашното производство, а колку од увоз? - 2102 година увезени се околу 60.000 тони храна за животни. Покриеноста на потребите на животните од домашно производство е потешко да се пресмета, бидејќи нашите сточари и оддржните и производните потреби кај животните претежно ги покриваат со кабеста храна, која според статистиката, не ги покрива нашите потреби. Поради тоа, може да се види дека и просечната продуктивност по грло во Македонија е под просекот за Балканот и ЕУ. ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊА ВО СИТЕ СЕГМЕНТИ Фактор: Со оглед на тоа дека изминатата година беше многу сушна и една од најкритичните не само во земјава туку и во целиот свет, колку ваквата состојба може да придонесе оваа година да имаме поскапувања на цените на сточарските производи месото, млекото и јајцата? - Па веќе може да се види дека поскапувања има во сите сегменти. Откупната цена често пати не е во директна врска со продажната, бидејќи понудата и побарувачката знае да направи диспаритет, па поради тоа скокот на откупните цени е помал, во однос на продажните цени на сточарските производи. Фактор: Владата кон крајот на минатото лето најави дека преку стоковите резерви ќе им овозможи на сточарите да купат поевтина добиточна храна, но еве до денес мерката се уште не е спроведена. Треба ли државата побрзо да ја спроведе мерката и на тој начин да им помогне на сточарите, кои сега се наоѓаат во тешка состојба, а на тој начин да спаси намалувањето на добиточниот фонд, бидејќи дел од сточарите не можејќи финансиски да издржат, повторно се одлучуваат добитокот да го носат на колење? -Како мерка, продажбата на храна за животни од стоковите резерви е секако добар потег, но тоа само донекаде ќе го намали реалниот проблем со влезните трошоци, бидејќи цената на храната за животни секаде на светските берзи е висока, што значи оваа состојба е општоприсутна. Фактор: Колкав е уделот на производството на добиточна храна за развој на севкупното сточарство? -Ако знаеме дека правилната исхрана е клучен елемент за профитабилно сточарско производство, тогаш колку е поголемото домашно производство на добиточна храна, толку помалку нашето сточарство ќе биде осетливо на цикличните промени на светскиот пазар на храна за животни, а со тоа поголеми се шансите за попродуктивно и попрофитабилно сточарство.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.