05 Декември, 2025
0.1959

Македонскиот „Seavus“ со свое претставништво во Белград

Објавено во: Економија 14 Декември, 2012 11:45

Добивај вести на Viber

Веќе два месеци македонскиот лидер за извоз на софтверски услуги  Seavus успешно работи и во Белград, каде се позиционираше со својата подружница.  По успешниот почеток,  подружницата активно оперира со клиенти од Шведска, Шпанија, Германија, Швајцарија и САД. -Во Србија сме присутни од 2005 година преку канцеларијата во Ниш, странска инвестицијата која оваа година ја проширивме и во главниот град на Србија, Белград. Отварањето на подружницата во Белград , е производ на стратегијата за интернационализација на Seavus, која ни овозможува да бидеме постојано присутни,блиску до клиентите и навремено да одговориме на нивните потреби.”, вели оперативниот директор на Seavus, Коча Бошку. Подружницата на Seavus во Белград во моментов оперира со десет вработени, бројка која се очекува да се зголеми трократно во текот на 2013 година. Со тоа, канцелариите на Seavus во Србија вкупно ќе бројат 100 вработени. -Ова нас не рангира во препознатлив странски инвеститор во Србија, не само по бројот на вработени, туку и по важноста на клиентите со кои работиме,, - додава Бошку. Зголемената побарувачка за напредни технолошки решенија е причината поради која Seavus постојано вложува во нови проекти, кадри и експертиза. Иако доминантниот дел од кадрите на Seavus (70%) се во Македонија и работат во централата во Скопје, додека 97 отсто од работата на Seavus е надвор од македонските граници. Интернационализацијата на оваа македонска компанија ќе продолжи и во 2013 година и во други европски земји, со што ќе продолжи да ја реализира својата успешна развојна стратегија во и  надвор од националните граници.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката