05 Декември, 2025
0.0454

Македонскиот туристички потенцијал претставен на саем во Турција

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2013 12:37

Добивај вести на Viber

Туристичките потенцијали и можности со кои располага Македонија од 24 до 27 јануари беа преставени  во Истанбул. Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јордан Трајков информира дека голем дел од коучесниците на саемот во Турција ги дефинирале работите што ги имале започнато за оваа сезона, со што се очекува зголемување на бројот на туристи од Турција. - Интересот од страна на туристите од Турција е многу голем, а тоа се должи пред се заради семејната поврзаност, но и поради тоа што сакаат да го следат нашето културно наследство, од кое се воодушевени. Природните убавини се уште една причина поради која од кружните туристички тури организирани низ Балканот, најмногу време сакаат да поминат во нашата земја, изјави директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Јордан Трајков. - Не радува фактот што оваа година имавме одличен штанд кој визуелно ги привлекуваше посетителите, особено тоа што тој е прилагоден на интересот на Турција, со присуство на фотографијата на Мустафа Кемал Ататурк. Мора да се пофали ангажманот на АППТ за преводот на промотивните материјали на турски јазик, што е еден од клучните фактори за да може пораката да биде пренесена до потенцијалните туристи од Турција. Бројот на туристи од година на година бележи раст, со што може да се каже дека вложениот напор за организирање на голем број настани и посети во текот на минатите години, почна да дава резултати, истакна Абаз, генералниот конзул на Република Македонија во Истанбул. Претходно, туристичкиот потенцијал на Македонија беше претставен на саеми во Холандија, Австрија, Финска и Полска.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker