20 Декември, 2025
0.0449

Македонските цариници спречија шверц на 18 килограми марихуана

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2013 18:11

Добивај вести на Viber

Македонските цариници, синоќа пред полноќ на граничниот премин Ќафасан, успеале да спречат шверц на 18 килограми марихуана. Како што информира директорот на Царинската служба, Ванчо Каргов, станува збор за  патничко моторно возило со германски регистарски ознаки управувано од лице со италијанско државјанство, со иницијали С.К. „При извршена царинска конторла, во фабричките шуплини од возилото во предниот и задниот браник како и во двете предни крила, царинските службеници пронајдоа 17 пакувања обвиткани со самолеплива трака, наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја, со вкупна тежина од 18 килограми. Непознатата тревкаста материја на тестер за психотропни супстанции НИК покажала присуство на марихуана“ - посочи Каргов. Лицето С.К. дрогата ја набавил од лице од Албанија со намера истата да ја превезе преку Македонија со крајна дестинација Германија каде осомничениот живее и работи 26 години. Пред да тргне од градот Фиер неговиот другар кој е албански државјанин на еден лист хартија му го нацртал патот и државите низ кој требал да помине за да ја пренесе дрогата до крајната дестинација. На листот со рака биле нацртани државите Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија. Цената на западно-европскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 40 илјади евра, додека во малопродажба може да достигне и до 80 илјади евра. Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка. Од почетокот на годината, заедно со овој случај откриени се вкупно 24 обиди за пренос на марихуана преку македонската граница, при што се запленети над 720 кг марихуана.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии