07 Октомври, 2024
0.0257

Македонските директори учеа од канадските – како треба да се води фирма!

Објавено во: Мои пари 22 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Со цел подобра едукација, стекнување нови искуства и знаења, повеќе македонски извршни директори, претприемачи и претставници на бизнис секторот, инаку предводени од Македонија 2025,  добија можност да заминат во работна посета на неколку од најуспешните канадски компании како Сириус Икс Ем Канада, Микрософт Канада, Телус Интернешнел, Магна Интернешнел, Сиарс Канада, Сапуто Инкорпорејтед и Канадиан Бомбардиер. За време на престојот во Торонто бизнисмените имаа можност да се сретнат со потенцијалните соработници од овие компании и да бидат промотори на идната трговска размена и промоција на Македонија. Македонската делегација притоа учеше за корпоративната култура во Канада и за клучните вредности на канадските компании како отворената комуникација, тимската работа и континуираното мотивирање на вработените. Во вториот дел од работната посета тие ја следеа Извршна програма за стратегиска промена на Шулих Школата за Бизнис за чија школарина се погрижи „Македонија 2025“. Целта на овој, соопшти организаторот е да помогне во создавање стратегијата на една организација чиј инструктор на оваа програма е Рона Беренгут, вонреден професор на Шулих Школата за Бизнис, Основач на Сигма Стратешки Решенија и добитник на голем број награди од областа на стратегискиот менаџмент. Според „Македонија 2025“, посетата поминала успешно, а сега треба знаењето и искуството стекнати за време на оваа програма да им помогнат на македонските бизнисмени во идната работа.

Можеби ќе ве интересира

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!