28 Март, 2024
0.0250

Македонските фирми во банкрот: Што ја зголемува стапката на згаснати компании

Објавено во: Анализа 15 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Раст на стапката на банкротирани фирми во земјава, регистрира Народната банка во последниот извештај за финансиска стабилност. Во 2017 година стапката на банкротирани фирми пораснала на 3,2 отсто, додека претходната година или во 2016 изнесува 2,1 отсто. Растот се должи на тоа што повеќе фирми во таа година отишле во стечај. Стапката се пресметува како однос на фирмите кои отишле во стечај со вкупниот број активни компании. Кои се причините за ликвидациите, познавачите велат дека долгогодишната криза и слабата ликвидност ги довеле фирмите во долгови. Старите обврски тешко се враќаат, нема наплата, па се става клуч на врата. Како причина се наведува и олеснувањето на можноста за ликвидација.

„Постоечките економски субјекти забележаа малку поголема стапка на излез од пазарот, претставена преку зголемувањето на бројот на правни лица над кои е отворена стечајна постапка. Оттука, во 2017 година дојде до раст на стапката на банкротирани правни лицаод 2,1 процент на на 3,2 отсто“, стои во извештајот.

Стопанственикот и аналитичар Фатмир Битиќи за Фактор вели дека стапката од 3,2 отсто не е мала, особено за земја како Македонија. Сепак вели дека во земјите од опкружувањето тие проценти се повисоки. Нема дилема дека економската кондиција на фирмите не е сјајна, но вели и дека треба точно да се утврдат причините за растот.

„Треба да се знае дали растот на стапката на банкротирани фирми се должи на некои административни олеснувања или не. Во земјава долго се зборуваше дека лесно се отвора фирма, ама многу тешко се затвора, па се работеше на измени кои ќе го олеснат процесот. Ако се должи на тоа, би ме радувало, но ако е поради финансиската ситуација е полошо. Овие две години, 2017 и 2018 година се лоши, ама поради сите случувања во претходните години. Економијата стагнираше и тоа секако се одразува на фирмите. Сепак ако во второто полугодие годинава има позитивни резултати, тоа секако ќе значи дека следната година ќе биде многу подобра, вели Битиќи.

Инаку во 2017 година има благо намалување и на претприемачаката иницијатива во земјава ако се гледа преку стапката на годишна промена на формираните нови економски субјекти. Поради бришењето на фирмите кои се со неактивен статус, од друга страна се намалува бројот на фирми кои се со блокирани сметки, па така во 2017 година, бројот на правни лица со блокирана трансакциска сметка се намалил за над 14 проценти.

Според податоци од Централниот регистар на крајот од 2017 година, вкупниот број на регистрирани нефинансиски правни лица изнесува 111.307, а во 2016 биле 113.978. Од овие во правно-формална смисла на зборот, „постоечки“ субјекти, годишни сметки до Централниот регистар доставиле само 60.000 фирми.


А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот