Македонските граѓани го сакаат домашното млеко
Објавено во: Агробизнис
22 Март, 2014 18:35
Добивај вести на Viber
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска изврши обиколка и контрола на млекопроизводствени капацитети во Битола и битолско.
За време на посетата на битолската млекарница БиМилк Димовски посочи дека средбата со менаџментот на млекарницата овозможила да се информира за проектите кои ги реализира МЗШВ во соработка со таа компанија.
- Најголем дел од потрошувачите се уверени и потврдуваат дека македонското млеко е најквалитетното млеко. Нешто со што можеме да бидеме горди и задоволни е токму брендот на БиМилк заради тоа што го пласира на пазарот е со врвен квалитет. Битолската млекарница е таа што покажува најдобри резултати при запазувањето на сите критериуми и истовремено драго ми е што е зголемен капацитетот, производството на дневна основа на млеко и млечни производи, а истовремено се реализираат инвестициски зафати и нови погони и линии со цел уште повеќе да се зголеми квалитетот на македонското млеко, истакна Димовски.
Димовски ја посетија краварската фарма „Млекопромет“ која има стадо од 50-на грла говеда.
- Посетивме фарма во која што се искористени средствата од програмата со која што се поддржува набавка на висококвалитетни грла говеда за понатамошно производство на млеко, како и контрола на млекото и задоволни сме од постигнатиот успех, рече меѓудругото Димовски.
На денешната прес-конфренција во Битола беше соопштено дека БиМилк во првиот квартал од оваа година го зголемиле домашниот откуп за 15 отсто, а тоа се должи на зголемениот увоз на висококвалитетни грла од Европската унија, како и субвенциите кои ги олеснуваат давачките на фармерите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?