Македонските јаболка од Преспа на трпеза во Русија
Објавено во: Агробизнис 12 Ноември, 2016 13:22
Русија е заинтересирана за јаболката од Преспа.
Откупот на трпезно јаболко во Преспа тече добро, има заинтересирани купувачи, но цената е релативно ниска, вели претседателот на Здружението на овоштари, Љубе Пампулевски.
Објаснува дека откупната цена за 12 до 14 денари по килограм прва класа ајдарет и околу 15 денари за црвен и златен делишес само ги покрива трошоците за производство. Скоро една третина од годинашниот род е продаден, а остануваат скоро две третини или околу 60 проценти за продажба.
„Имаме зголемена побарувачка од рускиот пазар за македонското јаболко бидејќи цената им го дозволува тоа, но и од земјите од каде што се снабдува веќе се продадени, па Русите доаѓаат да се обезбедат во Македонија. Само Македонија и Србија од европските земји немаат ембарго за извоз во Русија“ - вели Пампулевски.
Вели дека неповолните климатски услови довеле до прерано зреење на јаболката.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





