17 Декември, 2025
0.0608

Македонските камионџии добија уште 3 месеци слободен влез на Косово

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2013 21:05

Добивај вести на Viber

Иако беше најавено постигнување трајно решение, засега има договор само за второ одложување на воведувањето влезна такса за македонските камиони кои превезуваат стока во Косово. Министерот за економија, Ваљон Сарачини со косовските власти се договорил наплатата на таксата од 100 евра по камион да не се плаќа следниве 3 месеци. Ако во меѓувреме не се постигне договор, можно е и Македонија да воведе реципрочно решение. Македонските транспортери веќе  побараа и за косовските камиони кои влегуваат во земјава да им се наплатува по 100 евра.Од здружението Макам Транс забележаа и дека со воведување на таксите, косовоските власти предизвикуваат инфлација во своето стопанство. Во меѓувреме надлежните најавија дека ќе продолжат преговорите за изнаоѓање трајно решение, како и дека ќе инсистираат и понатаму да остане либералниот превоз со Косово. Косово се одлучи за воведување на таксата од 100 евра по камион при влез на граница, за да го заштити своето домашно производство. Покрај за Македонија, ваква такса воведоа и за останатите соседи, со исклучок на Албанија.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега