19 Декември, 2025
0.3696

Македонските каратисти ќе се борат за две бронзи на Универзијадата во Турција

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2022 11:39

Добивај вести на Viber

На Светскиот Универзитетски куп на боречки спортови што деновиве се одржува во Самсун, Турција, македонските каратисти обезбедија пласман во две борби за бронзен медал. Ангела Мојсовска, во категоријата под 68 килограми и Викторија Јовановска (-61 кг.) утре ќе се соочат со своите противници во битката за освојување трето место.

На ова глобално натпреварување, кое што од годинава е именувано како „Светски куп на боречки спортови“, пријавени се 1.100 учесници од 300 универзитети од 50 држави. Тие се соочуваат во шест боречки спортови: самбо, борење, бокс, кик-бокс, вушу и карате. Македонската универзитетска карате репрезентација е предводена од селекторот Бошко Заборски, кој исто така е и тренер на скопски „Макпетрол“.

Ангела Мојсовска беше близу до финалето, но не успеа предноста да ја претвори во победа. По два триумфа со натпреварувачки од Австрија (2-1) и Босна и Херцеговина (4-3), таа во третото коло на десет секунди до крајот на мечот не успеа да ја задржи предноста и загуби од репрезентативката на Украина, Елина Сиелменева. Мојсовска својата шанса за бронза ќе ја бара во борба со Садеа Бечировиќ од Хрватска.

Викторија Јовановска преку решавачка борба во репасаж, со убедлива победа од 5-1против репрезентативката од Австралија, Џуди Марие Бат, обезбеди борба за бронзен медал. Во овој меч таа ќе се соочи со репрезентативката на Турција, Ајсима Каракаја.

Забележителен настап првиот ден имаше и Петар Заборски (-75 кг.). Тој оствари две извонредни победи, но во борбата во третото коло загуби од репрезентативецот на Франција, Ензо Бертон, со резултат од 1-2, поради што не влезе во полуфиналето. Наши репрезентативци кои се натпреваруваа во Турција, но загубија во првото коло се Глигор Петков, Петар Спасеновски и Димитар Илиевски.

Давид Петков (-67 кг.), Моника Пендаровска (-55 кг.) и Марија Петровска (-50 кг.) настапуваат денес (28.09) во своите категории.На 29 септември на програма се екипните настапи за мажи и жени, додека на 30.09 се борбите за медали.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии