20 Декември, 2025
0.0325

Македонските каратисти ќе се борат за злато на Европската Универзијада во Полска

Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2022 10:14

Добивај вести на Viber

Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски го сочинуваат македонскиот тим што се пласира во финале на Европската Универзијада во Лоѓ, Полска. Во екипна конкуренција во борби, тие имаа три извонредни победи и утре ќе земат учество во финалните натпревари.

- Направивме одличен успех. Успеавме да влеземе во финале во најтешката дисциплина, борби-екипно во машка конкуренција. Тимот е составен од искусни каратисти, иако се студенти, сите се репрезентативци на Македонија кои ги бранеле боите на многу европски и светски првенства. Ова е второ финале во истата дисциплина на овој универзитетски тим. Тие на минатата универзијада пред три години во Загреб, беа финалисти и освоија сребро. Се надеваме дека на оваа ќе бидеме први и ќе го освоиме златниот медал- изјави Бошко Заборски, селектор на универзитетската репрезентација на Македонија.

На првиот натпреварувачки ден на Европската Универзијада машкиот универзитетски тим во првото коло ја совлада екипата на Унгарија со 3-0. Во второто коло екипата ја победи Украина со 3-1, додека во полуфиналето нашите каратисти беа подобри од Словачка, која што ја совладаа со резултат 3-0. Со овие три одлични победи екипата се пласира во утрешното финале и обезбеди најмалку сребрен медал.

Женскиот тим во дисциплината борби имаше една победа и еден пораз и беше елиминирана во понатамошните борби за медал. Денес, 29 јули, продолжуваат натпреварите во поединечна конкуренција во борби, каде што Македонија ја претставуваат десет каратисти. Нa Универзитетските игри во Лоѓ учествуваат 5.000 спортисти од 400 европски универзитети и 40 држави, кои се натпреваруваат во 20 спортови.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии