Добивај вести на Viber
Сите прехранбени производи произведени во Македонија и наменети за извоз во иднина ќе мора да имаат етикети по европски терк. На нив ќе треба прецизно да бидат наведени потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето тежината и особено алергените, со болдирани или букви во друга боја.
Одредбата мора да се применува од 13 декември.
„Веќе нема да зборуваме за означување на храната, туку за информации, детални, прецизни, конкретни. Измените ќе претставуваат бенефит за двете страни, и за потрошувачите кои ќе имаат можност да прочитаат што точно купуваат и врз основа на тоа да го направат вистинскиот избор, но и за компаниите кои пратично ќе добијат моќна алатка за презентација на своите производи, како и воспоставување фер конкуренција“, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
Ваквата обврска ќе важи и за операторите кои произведуваат храна за домашниот пазар, но за нив рокот е 1 јуни 2015 година. Во спротивно, се предвидени и казни - 3.000 евра за правни лица, 1.000 евра за одговорно лице и 500 евра за физичко лице.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: