Македонските сирења во офанзива на балканот – Здравје Радово со раст на извозот од над 20%
Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2013 08:07
“Мешаното сирење на Здравје Радово е најбараното сирење од македонските потрошувачи, лидер на домашниот пазар, производ кој го карактеризира исклучително висок и стандардизиран квалитет, исто како и мешаниот кашкавал што претставува гаранција за успех на соседните пазари. Целта ни е оваа година да од овие два производа создадеме вистински брендови и на овие пазари, препознатливи со својот квалитет и географско потекло од Македонија”, објаснува г. Јован Дабевски генерален директор на Здравје Радово.
Извозната офанзива на Здравје Радово се потврдува и со податокот дека дури 80% од вкупниот извоз на македонски млечни производи е од нивниот асортиман, а Здравје Радово е пазарен лидер во рамките на македонската млечна индустрија, претставувајќи истовремено и значаен фактор на стабилност и развој за целата дејност. Стопанската комора на Р. Македонија неодамна на компанијата Здравје радово и даде и официјално признание дека е еден од најголемите македонски извозници, компанија која се развива дури и во услови на криза, претставувајќи пример за сите останати.
Во своите идни планови Здравје Радово планира да го зголеми портфолиото на производи, и тоа пред се со производи кои ги бараат потрошувачите, како и во зголемување на извозот, од што ефект би имале сите: фармерите би добиле сигурност за пласман на млекото, потрошувачите квалитетен производ, а македонската економија фактор на стабилност и раст - велат од таму.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





