20 Декември, 2025
0.0416

Македонските црвени вина од сортата Вранец богати со состојки кои го подобруваат здравјето на човекот

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2016 12:10

Добивај вести на Viber

Mакедонските вина имаат исклучително висока антиоксидантна активност, а  сортата Вранец предничи пред останатите сорти црвени вина поради највисокото присуство на феноли кои се најзначајните антиоксиданти во виното, покажува истражувањето на кое работеше професорката Виолета Иванова - Петрупулос од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Покрај поволните климатски услови кои овозможуваат висока концентрација на антиоксиданси во вранецот, врз содржината на фенолите во виното влијаат и технологиите на производство и условите на чување на вината.

На неодамнешната конференција посветена на позитивните здравствени ефекти на виното, организирана од Винарската визба „Тиквеш“, неколку истражувања ги поткрепија овие констатации.

Потенцијалот на Македонија за производство на вино и поволните климатски услови за создавање уникатни вина е неоспорен. Оваа констатација ја потврдуваат бројните истражувања и споредби со другите познати светски вински региони. Климатскиот индекс и распределеноста на врнежите имаат супериорни вредности во тиквешкиот регион, споредено со региони во Италија, Франција, Америка, дури и Јужна Африка. Но, она што е исто така важно е да се утврди дали ваквите услови придонесуваат македонските вина да поседуваат и подобри вредности кога станува збор за состојките што влијаат поволно на здравјето, секако при негова умерена консумација.

Покрај резултатите од истражувањата на проф. Виолета Иванова - Петрупулос од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ваквите заклучоци за  високата концентрација на антиоксиданти во сортата вранец одгледана во Македонија, ги потврдуваат и резултатите од истражувањето на д-р Клемен Лисјак од Земјоделскиот Институт на Словенија. Според него полифенолните соединенија во грозјето и виното се директно поврзани со вкусот, бојата и потенцијалот за стареење на виното. Притоа, сортата вранец покажала највисока содржина на антоцијани, кои на вината им ја даваат интензивната црвена боја и подобрени нутритивни вредности, како и на ресвератол, кој е еден од најпознатите полифеноли кога станува збор за позитивните здравствени ефекти на виното.

Дополнително, истражувањето на д-р Лисјак укажува дека количината на полифеноли се зголемува доколку се применуваат контролирани практики за одгледување на грозјето и производство на виното. Оттаму, повисокиот квалитет на виното значи и поповлни здравствени ефекти при умерена консумација.

Кои се поволните здравствени ефекти од умерената консумација на вино?

 Виното е богато со биоактивни соединенија, од кои најголемиот дел се полифеноли. Антоцијаните се една од класите полифеноли и делуваат како кардиопротективни агенти, така што умерената консумација на вино овозможува намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Виното има и антиканцерогени карактеристики, влијае на намалувањето на ризикот од синдроми на деменција и невролошки заболувања, го намалува ризикот од појава на дијабетес.

Како заклучок, виното е одличен пијалак доколку се консумира умерено, редовно и доколку неговото производство ги задоволува потребните стандарди. Пиењето вино нема целосно да ги спречи овие заболувања, но неговата умерена консумација сигурно може да функционира како дел од здравиот животен стил. Имајќи го ова во предвид, да наздравиме за виното и доброто здравје!

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии