Македонските учебници предадени на грчките експерти
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2018 07:57
Виктор Габер, претседателот на македонската комисија за отстранување на ирединтизмот, потврди дека ги предал сите македонски учебници на грчките експерти.
Учебниците се разменети, следува процес на утврдување на спорните делови, ова е епилогот од првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти меѓу Македонија и Грција во Солун. – изјави Габер.
Предводникот на т.н. седумчлен македонски тим, Виктор Габер е задоволен од првичните разговори, и изрази дека има волја за соработка од двете страни.
Се работи за обемен број материјали и учебници, од кои поголем дел ќе бидат ревидирани до септември, а чија главна цел е на новите генерации да им бидат достапни на начин што нема да предизвикуваат нови болни моменти. – изјави Габер.
На средбата во Солун е усвоен деловникот за работа, со кој се утврдува динамиката на идните состаноци.
Со оглед дека разговорите се во почетна фаза, Габер не открива кои се темите, кои според него, би предизвикале најмногу полемика. Во однос на топонимите во учебниците, како на пример ословувањето на Тесалоники или Солун, Битола или Манастири, тој посочува дека на овој дел, се користат меѓународни конвенции, кои се поволни за Македонија.
Иако не е прецизирано, втората средба се очекува да се случи во текот на јануари, кога Македонија ќе биде домаќин на грчките експерти за историски, археолошки и образовни прашања. Согласно Преспанскиот договор, работата на Комитетот ќе го надгледува Министерствата за надворешни работи на двете земји.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




