Македонските вина претставени во Канада
Објавено во: Агробизнис 20 Ноември, 2012 09:46
На традиционалниот меѓународен вински фестивал ,,Gourmet food&Wine Expo“ во Торонто, викендов беа претставени македонски вина од винаријата „Далвина“.
На отварањето на фестивалот присуствуваше генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски и економскиот промотор Ирена Георгиевска.
- Координираниот настап и поддршката од јавниот сектор ќе придонесе за значително зголемување на македонските вина на канадскиот пазар. Целта на овие настани е да се промовира имиџот на Македонија како земја на виното. Во иднина гледам голем потенцијал на нашите вина за освојување на овој пазар, рече генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски.
Во рамки на винскиот фестивал беше организирана и специјална вечер на која беа презентирани осум вина, меѓу кои се најде и македонското вино „Синтезис“ на винаријата Далвина од Македонија.
Пред љубителите на доброто вино во Канада, професионалните познавачи на виното, големите канадски дистрибутери и увозници на вино, вински критичари и оценувачи, ова македонско вино беше презентирано од еден од најпознатите светски сомелиери, Џон Сабо.
Овој реномиран меѓународен настан кој се вбројува во еден од најголемите и најпрестижни на северно-американскиот континент, секоја година е посетен од повеќе од 40.000 љубители на виното, кои имаат можност да дегустираат повеќе од 1.500 различни вина и други алхохолни пијалоци од производители од целиот свет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





