Македонските вина презентирани во Кина
Објавено во: Агробизнис 30 Мај, 2013
Вината на 11 македонски винарски визби од денеска до сабота ќе се презентираат на Саемот за промоција на вино и пијалоци „Интервине“ што се одржува во градот Гуанџоу во Кина.
На заеднички павилјон ќе бидат претставени вината на Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Попов, Бовин, Камник, Дудин, Езимит, Имако и Попова Кула. Предвидена е и дегустација на македонските вина од сортата „вранец“ и презентација на Македонија како туристичка и инвестициска дестинација за љубителите на вино.
На натпреварот за вино, во конкуренција на 130 вина од 20 држави, беа прогласени вината „Вранец Веритас 2011“ од винаријата „Стоби“ за најдобро црвено вино и „Дисан 2010“ од винаријата „Бовин“ за најдобро оценето вино во категоријата најдобар сооднос на цена и квалитет. Признание за најдобар стратешки партнер на овогодинешното издание на саемот доби Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.
Штандот од 120 метри квадратни на кој се претставуваат македонските вина беше обезбеден со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во организацијата беа вклучени и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Агенцијата за поддршка на туризмот и Здружението „Вина од Македонија“, како и Амбасадата на Република Македонија во НР Кина.
Ова е најголемиот саем во областа Гвандонг, јужна Кина, на кој своите вина ги презентираат повеќе од 500 изложувачи од 20 земји од светот. Саемот го посетуваат повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино од цела Кина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.