05 Декември, 2025
0.0444

Македонските вина во светот ќе се продаваат како „Повардарски“?!

Објавено во: Агробизнис 09 Јули, 2013 21:06

Добивај вести на Viber

Географска ознака ќе добијат македонските вина до крајот на 2013 година. Според најавите Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено потекло „Повардарски“, ознака која наскоро треба да се регистрира во земјава и во ЕУ. Како што изјави денеска претседателот на Здружението за заштита на географската ознака „Повардарски“, Владислав Попов, процесот на создавање и спецификација на критериумите за производот „Повардарски“ е завршена, а сега следи нејзиното регистрирање. Познавачите на оваа индустрија сметаат дека географската ознака ќе има големо значење за земјава која ќе биде предводник за овој процес во другите региони и индустрии. „Претстои уште многу работа, но ако сме обединити како винари можеме да успееме во таа цел“, изјави Попов. Со него се согласи и експертот за вино од ФАО, Фредерик Џулиа и истакна дека искуството покажало оти земјите коишто користат географски одредници за извозните производи имаат поголем бенифит, како  од аспект на подобрување на квалитетот, така и во делот на постигнување поголема додадена вредност на призводот. „Примерот на регионот Рона во Франција и на Тоскана во Италија се доказ дека ваквиот начин на работа, кој е комплициран, но вреден, може да даде големи економски резултати“, истакна Фредерик Џулиа и додаде дека со новата ознака ќе нема проблеми при пласманот на вино во Европа. Во меѓувреме и натаму ќе продолжи употребата на терминот „Вина од Македонија“ и произведено во Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?