Македонските војници ќе се „изнавежбаат“ со елитата од регионот и Германија
Објавено во: Македонија 11 Април, 2018 07:23
Македонските професионални војници во наредниот период ќе може да ги усовршат своите борбени способности на серија на заеднички воени вежби со најдобрите армии од регионот, како и со германската армија, што е дел од заложбите за подобрување на борбената подготвеност и усогласување на сојузничките армиски проекти.
„Владата разгледа и донесе повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовни активности како што се „COMBINED RESOLVE-X“, во Сојузна Република Германија, „BGR-MKD SOF JCET 18“, во Република Бугарија, „BGR-MKD SOF JCET 18“, во Република Бугарија, „EAGLE-VI, во Република Косово, и на вежбовната активност „ADRIATIC STRIKE 2018“, во Република Словенија“, соопштија од Владата на Република Македонија.
АРМ ќе испрати свои војници во веќе постоечките воени мисии кои се дел од присуството на НАТО во регионот, на Блискиот исток како и на мировните ангажмани со што ќе прикаже сериозна подготвеност да стане полноправна членка на Алијансата во најбрз можен рок, секако штом се постигне политички договор.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




