30 Април, 2024
0.0270

Македонските земјоделци произведуваат евтина храна

Објавено во: Агробизнис, Колумни 18 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Многумина во Македонија јавно се произнесуваат, дека Македонија е земја каде храната треба да биде евтина, бидејќи Македонија има “идеални“ услови за земјоделско производство, дека таа е “земјоделска“ земја, дека може со своето производство да “храни половина Европа“ и слични неодговорни изјави на луѓе што не ги познаваат доволно ниту условите за земјоделско производство, ниту капацитетите за истото, во Македонија, ниту земјоделството како стопанска област. Напротив, условите за земјоделско производство во Македонија се релативно сложени, доволно да се знае дека Македонија е аридно подрачје со недоволна годишна сума на воден талог, а неизградени доволно системи за наводнување, поради што кај голем број нивски култури приносите се апсолутно неконкурентни. Потоа главниот капацитет за интензивно земјоделско производство-површините се мали, бидејќи од над 1,2 милиони хектари земјоделска површина само 500 иљади хектари се обработливи површини, а од нив 130 илјади хектари се необработени ораници и угари. Релјефот на Македонија и влијанието на три климатски карактеристики, овозможуваат земјоделско производство на широк асортиман, што се најценети предности што ги има Македонија во споредба со соседството и пошироко. Меѓутоа не е доволно да имате погодни услови (само во некои подрачја) за земјоделско производство, поради што, производството на храна не ги задоволува домашните потреби, бидејќи просечно во последните пет години (2010-2014година) сме увезле 590 илјади тони храна за 643 милиони долари (просечно годишно). Мекедонија и извезува храна, но реалтивно помали количини кои се просечно (2010-2014година) 456 илјади тони, или разлика помеѓу извезена и увезена храна е 187 илјади тони. Разликата помеѓу вредноста на извезена и увезена храна изнесува 284 милион долари (просечно 2010-2014година) помала вредност на извезената храна. Покрај некои релативно отежнати природни услови за  висококонкурентно земјоделско производство, важни услови имаат позитивно влијание. Пред се, позитивно е влијанието на медитеранската клима. Вегетацијата во Македонија има продолжен период, голем е бројот на сончеви денови, лесни се за обработка почвените типови и др. Македонските земјоделци располгаат со мали имоти со просечна големина на земјоделските стопанства од 2,2 хектара, нивните површини се расцепкани и расфрлени во атарите на селата, инфраструктурата не само во селските атари туку и полињата се неуредни и го отежнуваат животот во селата, а го поскапуваат земјоделското производство. Македонските земјоделци се неорганизирани. Бројот на кооперативите, не само што се малку на број, туку и не претставуваат никаков сериозен фактор или партнер на владините институции и на пазарот на земјоделското производство. Дезорганизацијата се гледа и во формирањето на асоцијации како невладини организации, бидејќи локалните здруженија се ограничени на број и не се активни на полето на заштита на своите интереси, а на централно ниво, во име на земјоделците  се претставуваат три асоцијации, чие влијание во однос со Државата е занемарливо. Сепак македонските земјоделци успешно придонесуваат за развој на земјоделството, благодарение на својата трудољубивост. Во оваа прилика немаме простор за анализа на резултати од развојот, бидејќи целта ни е да ја согледаме цената на производство. Македонија, се разбира и македонските земјоделци се дел од светската економија и поделбата на трудот во глобални рамки, но со релативно кус период од 24 години, односно од осамостојувањето (1991година), бидејќи во системот на Југославија претежно продажбата на земјоделските производи беше во рамките на домашните пазари. Споредба помеѓу извозните и увозните цени на храната Познато е дека вистинската (објективна) цена може да се постигне на слободниот пазар, а извозот и увозот се места каде се формираат вистинските меѓународни цени. Затоа за да оцениме дали  цените на производите на македонските земјоделци се “ниски“ или “високи“ ќе ги споредиме постигнатите цени во последните пет години во извозот и во увозот на храна по системот “Стандардна меѓународна трговска класификација“(СМТК). Извезената храна и увезената храна количински, потоа нивните вредности (во USA  долари ) се објавени како официјални податоци на Државниот завод за статистика. Од односот на вредностите на извезените и увезените групи производи (храна) со количините на извезените и увезените групи производи  (според СМТК) е добиена цената по тон во USA долари (Таб.1). Увозната цена на храната и живите животно во сите пет години е повисока од цената на храната остварени во извозот, како и петогодишниот просек. Во првата година (2010) увозната храна била поскапа за 47,8%, во последната (2014) година била поскапа само за 24,3%, но во 2012 година повисоката цена на увезената храна достигна 62,8%. Во овој период извозната цена на храната и живите животни се доближувала (по вкупната вредност) до цената на увезената храна. Со тоа релаен денешен однос помеѓу извозна и увозна цена на храната е просекот од 5 години, а тој изенсува 100:142,8. Намалувањето на разликите помеѓу извозната и увозната цена (вкупно) не е резултат на повисока цена што ја оствариле земјоделците, туку релативно поголем степен на финализација на примарните производи. Кога се оценуваат извозните и увозните цени мора да се води сметка и за тоа која група на производи има поголемо влијание со својата извозна односно увозна количина и вредност. Тука пред се мора да се има во предвид дека овошјето, зеленчукот и нивните преработки доминираат со количини и вредности над останатите групи. Во просек за овие пет години според вредности  на извозот на овошје, зеленчук и нивните преработки изнесува 53,3% од вредноста на вкупниот извоз на храна и живи животни. Просечната цена на извозот во споредба со увозот е пониска за 45,9% (кај овошје, зеленчук и преработки). Македонските земјоделци извезле по повисоки цени од увезените производи месо и млеко, бидејќи воглавно се увезуваат поголеми количини на суровини, а извезуваме преработки од месо и млеко. Што се однесува до житата, увозот е воглавно на меркантилни жита, а извозот  е на семенска, пченица, која има повисока цена. Остварувањето на пониски извозни цени (од увозните) на храна е позитивно ако, е резултат на повисока продуктивност и софистицирани технологии, кои овозможуваат повисока конкуренција, но е неповолно ако се базира на ниски цени на трудот на земјоделците, за што се потребни сеопфатни научни истражувања. tab Проф.Др.Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?