20 Декември, 2025
0.0521

Македонско ИоТ решение интересно и за Американскиот пазар

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2015 18:22

Добивај вести на Viber

Во тек е гласањето на меѓународниот натпревар Business Wall of Fame на Дојче Телеком за најдобро „Интернет на нештата“ решение. Деловните корисници од Македонија гласаат на веб страницата wallofbusiness.comсо што  добиваат можност, како поддржувачи на омиленото IoT решение да добијат и национална маркетинг кампања заедно со избраното решение во вредност до €20,000.Голем број на извонредни IoT решенија од повеќе индустрии веќе се пријавени, а развивачите сè уште имаат можност да ги поднесуваат своите решенија, чиј рок е продолжен до 1 јуни.

Едно од пријавените на интернционалниот конкурс е решението Fueloyal Technology  на македонско- хрватската стартап компанија 4VIRTUS. Станува збор за IoTрешениеFueloyal кое го решава најгорливиот проблем на транспортната индустрија -  кражбата на гориво. Паметното капаче iCap 1000 се додава на резервоарот за гориво и води евиденција со колку гориво е наполнет резервоарот,  а во исто време со антисифонинг заштитата се грижи истото да не се источи. Резултатите за сите камиони со помош 3Г модем вграден во уредот пристигаат на клауд до седиштето на компанијата од каде може да се надгледува состојбата со гориво во секој момент. Капачето оневозможува било кој неавторизирано да го отклучи резервоарот, а монтирањето на капачето може да се направи со едноставно додавање на постоечкиот резервоар, без потреба за модификација.

Нашето решение на компаниите би им заштедило по 15-20.000 долари/годишно за секој камион во флотата. Во ЕУ, САД и Канада месечно секој превозник во просек троши гориво во вредност поголема 10.000 долари, а според проценката 10%-15% од оваа сума е украдена. Штетата која секоја година се прави надминува 80 милијарди долари. Проектот беше претставен на Websummit во Даблин, Ирска, Mobile Word Congress во Барселона и Techcrunch Disrupt во Њујорк а интерес за соработка пројавија компании од целиот свет”, изјави Игор Христов Генерален менаџер на 4 Виртус.

T_BWF_PR_01-voting

Живееме во време на промени, кои и тoa како го менуваат начинот на нашето живеење. Многу нешта за кои сме можеле само да сонуваме, веќе се дел од секојдневието, а нештата кои некогаш ни се чинеа само како дел од научната фантастика, веќе се реалност. Едно нешто е заедничко за сите ИоТ решенија – тие ја поедноставуваат работата на деловните корисници.

Со реализацијата на проектотBusiness Wall of Fame,целта на Македонски Телекоме да го поттикне развојот на ИоТ решенија во Македонија, да мотивира креативност кај девелоперите, охрабрувајќи ги на тој начин да создаваат решенија кои ќе можат да се продадат на интернационалниот пазар.Целта на сите решенија поврзани со „Интернетнанештата“ е на поединецот да му се поедностави животот, на компаниите да им се намалат трошоците во работењето, да се зголеми продуктивноста, и сето тоа да функционира некаде на облак, односно, cloud.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии