05 Декември, 2024
0.0255

Македонско-српски реципроцитет 3:1?!

Објавено во: Агробизнис 04 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Владата на Македонија денска донесе одлука за воведување мерка за заштита на пазарот на пченица и брашно, со врзување на количините на увоз на пченица и брашно со откуп на пченица произведена во Македонија, која ќе важи до 31 декември 2013 година.

Според одлуката, увозот на меркантилна пченица се поврзува со извршен откуп на пченица од род 2013 година од домашното производство, со право на увоз на 1 килограм на секои 3 килограми извршен откуп. Увозот на пченично брашно, пак, се поврзува со извршен откуп на пченица од род 2013 година од домашното производство со право на увоз на 1 килограм брашно на 4 килограми извршен откуп на пченица.

Србија е подготвена соодветно да одговори по одлуката на македонската влада да го ограничи увозот на пченица и брашно од нашиот северен сосед. Српските медиуми пишуваат дека мерката на македонската влада го нарушува принципот на слободна трговија.

Српските медиуми се повикуваат на изјава на министерот за трговија Расим Љаиќ,  во која тој најавува дека за ова прашање ќе барааат итна вонредна седница на ЦЕФТА (Централноевропски договор за слободна трговија за целосна либерализација на трговијата во регионот).

- Македонската Влада веќе четврта година по ред ја носи истата мерка, која е во сила два-три месеци, додека не се закаже седницата на секретаријатот на ЦЕФТА. Потоа, таа одлука се повлекува и постојано ја водиме истата борба. Резервна опција е и ние да повлечеме некои реципрочни мерки, поради што не сме среќни, но немаме друг избор – вели српскиот министер за „Блиц“.

Србија размислува реципрочната мерка да биде за српските увозници на вино - за еден литар од Македонија да мораат претходно да купат четири литри вино од Србија. Се предлагаат реципрочни мерки и за доматите и за пиперките од Македонија, кои Србија ги купува во големи количества вон сезоната.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.