Добивај вести на Viber
Мора да се подобри квалитетот на македонското млеко, советуваат француските експерти, а тоа ќе се постигне со подобра хигиена во фармите на повисоко ниво и употреба на избалансирана храна за добитокот. Иако немаат увид во целото производство, Ричард Деминк од француската организација „Авди“ посочи дека од она што го виделе во Македонија, може да се констатира дека македонското млеко не ги задоволува стандардите, но и преработувачите не се грижат многу за неговиот квалитет.
„Во Франција, ако некој производител три месеци не произведува квалитетно млеко, од него веќе никој не купува и тој веќе не може да се занимава со дејноста“, забележа Деминк кој додаде дека француските искуства покажале дека соодветната законска регулатива може многу да ги подобри работите.
Покрај француските, на трибината насловена„Подобрување на квалитетот на млеко“ учествуваа и македонски експерти. За професорот од Факултетот за земјоделство и храна, Владимир Какуринов, сега најважно е да се работи на подобрување на хигиената.
„Хигиената на фармите може да се подобри без големи вложувања, со примена на добри земјоделски практики. Фармерите веќе сфаќаат колку е битно бројот на микроорганизми да се сведе на минимум“, посочи Какуринов.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: