Македонското вино на саем во Германија
Објавено во: Агробизнис 25 Март, 2013 09:15
Девет винарии од Република Македонија учествуваат на саемот за вино Провајн во Дизелдорф, Германија.
Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Дудин и Попова Кула на македонскиот национален штанд ги презентираат своите вина пред дистибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет.
Провајн, што се одржува од 24 до 26 овој месец, е водечки меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа каде своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот. Секоја година манифестацијата ја посетуваат 37.000 луѓе од целиот свет.
Учеството на македонските визби го организира здружението „Вина од Македонија“ кое продолжува со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





