05 Декември, 2025
0.0268

Македонското вино сè побарано на странските пазари

Објавено во: Агробизнис 12 Февруари, 2014 10:45

Добивај вести на Viber

Македонскиот извоз на вино на странските пазари се зголемува. Според последните податоци на Министерството за земјоделство, кои ги објавува веб порталот Лидер, во 2013 е регистриран најголем извоз на вино до сега – 885. 331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра. Ако се спореди просек за периодот од 2007 до 2012, лани извозот е за 48 % поголем според количина и 24 % според вредност. Анализите на ресорното министерство покажуваат дека извозот на вино во ЕУ е зголемен за 45 %, а просечната цена е зголемена за 10 евра по хектолитар во споредба со лани. “Во последниве неколку години најзначајно зголемување се забележува кај извозот на вино во шишиња, при што количината на извезено вино во шише од 2005 година од над 5,5 милиони литри е тројно зголемена и достигнува количини околу 17 милиони литри. Зголемувањето на извозот на вино во шише особено е забележително во земјите кои беа таргетирани во рамките на заедничкиот настап на македонските винарии на саемски манифестации финансиран и поддржан од страна на Мини9стерството за земјоделство и Владата – Германија, Русија и Кина“, велат за Лидер од Министерството за земјоделство. Освен рекордната количина, виното од Македонија постигнало највисока цена по единица производ во последните 10 години. Така, споредено по поединиечни земји, во Германија за 5 пати е зголемена количината на извезено вино во шишиња, а за 4 пати неговата вредност. Во Словенија за 4 пати е зголемена количината на извезено вино во шишиња, а за 3 пати неговата вредност. Во Унгарија за 4 пати е зголемена и количината и вредноста на вкупно извезеното вино, покажуваат податоците на Министерството за земјоделство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?