Македонското земјоделство интересно за руските бизнисмени
Објавено во: Агробизнис 16 Септември, 2013 20:55
Преку конкретни проекти од областа на земјоделството, но и обезбедување на либерализација на трговскиот режим за земјоделски производи, ќе се унапредува на парламентарната соработка на Македонија и Долниот дом на Руската државна дума. На средбата во Русија денеска заминaa Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски
Ккао што соопштија владините претставници, соговорниците изразиле интерес за зголемување на обемот на трговската размена меѓу двете земји преку доделување на преференцијали како прв чекор кон либерализацијата на трговските односи, зголемување на обемот на инвестициите во земјоделството, продлабочување на соработката во рамки на Светската трговска организација и размена на искуства во делот на реформите во земјоделството.
Било договорено и формирање на Македонско-руска парламентарна работна група за унапредување на трговската соработка каде би членувале истакнати бизнисмени.Русите пак појавиле интерес, нивна парламентарна делегација од Либералната демократска партија да ја посети Република Македонија до крајот на годинава.
Како дел од оваа делегацијата најавено е дека ќе бидат и истакнати руски бизнисмени кои треба да се запознаат со инвестицискиот потенцијал во делот на земјоделството, како и да восопостават директни контакти за извоз на земјоделски производи во Русија.
На средбата е искажан интерес и за унапредување на соработката меѓу Македонија и Амурскиот регон, кој се наоѓа на Далечниот исток на Руската Федерација за пренесување на искуства и знаења за технологиите на производство на земјоделски производи, добрата земјоделска пракса и агро-технички мерки, како и за производство на семенски материјал.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





