Добивај вести на Viber
Македонци од дијаспората сакаат да му овозможат на малото бебе кое беше пронајдено во Арачиново со модринки и пресечен јазик, дом и среќно детство со тоа што ќе го посвојат.
По хуманите акции кои за време на викендов се одржаа за Најден во центарот на Скопје, сега тој ги доби симпатиите и од Македонците во дијаспората.
Интерес покажаа неколку Македонци од дијаспората кои преку писмо прашуваат дали може да го посвојат малиот Најден.
Засега бебето закрепнува, а неговите родители сеуште не се пронајдени.