Добивај вести на Viber
По втор пат во 5 години компанијата Кока-Кола ја рангираше Скопска Пивара на прво место во светот според индексот на квалитет на пијалаците што ги произведува.
Пивара Скопје го доби ова признание во конкуренција на пијалаци произведени во повеќе од 600 полнилници во над 200 фабрики на Кока-Кола ширум светот.
„Квалитетот е наш највисок приоритет, затоа што знаеме дека тој е важен за потрошувачите во над 200 земји ширум светот каде се присутни нашите производи. Љубителите на Кока-Кола во Македонија можат да се гордеат дека токму овде, во Пивара Скопје, се произведуваат пијалаци со највисок квалитет во светот“, изјави Шон Лејтон, директор за квалитет на Кока-Кола во Централна и Југоисточна Европа.
Според Генералниот директор на Пивара, Јаак Микел наградата е резултат на постојано инвестирање во компанијата.
„Пивара Скопје АД, денеска е на врвот на светот, а таму сме бидејќи ние во оваа фабрика овде ја произведуваме најдобрата Кока-Кола во светот. Тоа е голема гордост за нас, но верувам и за Македонија“, рече Микел.