05 Декември, 2025
0.0408

Македонците вистински боеми, пијат по два литри вино и 0,9 литри ракија

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2013 15:01

Добивај вести на Viber

Државниот завод за статистика денеска објави дека македонските граѓани на возраст над 18 години просечно пијат по два литри вино и 0,9 литри ракија годишно. Ова се пресметки врз основа на податоци од 2011 година. Статистика, по повод празникот Свети Трифун на кој традиционално се закројуваат виновите лози, наведува дека над 20 илјади хектари во Македонија се насадени со винова лоза, а производството на вино во 2012 година изнесува 780.769 хектолитри вино на точење и 159.019 хектролитри вино во шишиња, објави Државниот завод за статистика по повод денешниот празник Свети Трифун на кој традиционално се закројуваат виновите лози. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, во периодот 2009-2011 година, површините под винова лоза се во благ пораст, така што во 2009 година винова лоза била засадена на површина од 19.960 хектари, во 2010 година на површина од 20.033 хектари, а во 2011 година на површина од 20.164 хектари. Кај производството во последните години забележлив е пораст кај производството на вино во шишиња кое се движи од  149.372 хектолитри во 2010 година, до 159.019 хектолитри во 2012 година. Според податоците од Статистичкиот деловен регистар, во Република Македонија работат 81 винарија, лоцирани претежно во Скопје, Кавадарци и Неготино. Во 2012 година Република Македонија извезе 16.552.139 литри вино во шишиња во вредност од 16.877.350 евра и 98.608.953 литри наливно вино во вредност од 38.348.430 евра. Во 2011 година, прометот на вино од свежо грозје во трговијата на мало учествува со 15,2 отсто во вкупниот промет на алкохолни пијалаци и изнесува 246.889 илјади денари, додека прометот на природна ракија во вкупниот промет на алкохолни пијалаци учествува со 12,4 отсто и изнесува 200.595 илјади денари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!