Маките на Словенија
Објавено во: Анализа 10 Април, 2013 08:33
Словенија до скоро време беше пример за тоа како може една мала земја да биде лидер на цел регион по развојот. Воедно тоа беше земјата која беше пример на сите држави од бивша Југославија. Сите ги знаеме приказните околу тоа како луѓето во оваа мала земја излегоа најсилни од поранешнета земја и најдобро се снајдоа од сите.
До скоро време, па и денеска Словенија имаше релативно низок јавен долг. Но, како што веќе секој знае, овој мал гигант е црна точка во Европа. Како и на Кипар и овде кризата не се случи преку ноќ. Интересно еден од главните проблеми за Словенија денеска е тоа што немаше приватизација на начин како што имавме ние. Голем дел од фирмите имаат поврзани сопственици, едни во други. Големите гиганти имаат акции едни кај други и се врзани во една спирала која досега фукционираше многу добро. Кога некој од пирамидата имаше проблеми ќе земеше кредит од НЛБ, како залог ќе ги дадеше акциите од некоја друга фирма и така натаму до бескрак. А најголем дел од кредитите ги даваше главната банка во Словенија, која со текот на времето се наполни со токсични активи кои може да ги собере само државата. Епа, токму поради тоа јавниот долг веќе не е релеватнен. Кога Словенија ќе добие помош да ги спасува банките јавниот долг рапидно ќе порасне и поради тоа, пазарите веќе немаат доверба во оваа земја и за нови обрвзници мора да плати 7% камата, доколку оди на слободен пазар. Според ММФ се претпоставува дека Словенија оваа година ќе мора да позајми 3 милијарди евра за да ги врати каматите, за нови трошење и секако за спас на банките. Само овие три милијарди евра ќе го зголемат јавниот долг најмалку 10%. Сепак можеби единствена светла точка е дека Словенија има супер интересни активи за кои сега сите чекаат поволни цени. Најголем бисер е секако Меркатор, но има уште еден куп добри компании кои без дилема ќе ги сменат сопствениците. За жал или среќа ниту оваа мала земја нема да одолее на глобализацијата. Редакција Фактор* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





