28 Септември, 2024
0.1444

„Макпетрол“ доминира на берзата, акциите скокаат!

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Инвеститорите не го тргаат погледот од „Макпетрол“:

Акциите на оваа компанија продолжуваат да бидат во фокусот на берзата, при што најмногу интерес има токму за најголемиот малопродажен ланец за нафтени деривати во земјава.

Во текот на вчерашниот ден со акциите на „Макпетрол“ беа истргувани 269 акции со кои се реализирани 17 трансакции а акцијата порасна за 2,21 отсто и краток период ја достигна вредноста од 28.000 денари.

Трансакциите со оваа акција достигнаа вкупна вредност  околу 7 милиони денари или учество од 26,94 отсто во вкупниот промет од 26.133,102 денари.

Вниманието на инвеститорите беше задржано и од акцијата на Комерцијална банка се реализираа 3.470 лота по просечна цена од 2.790,38 денари со што акцијата ја предводеше листата со највисок остварен промет од околу 9,6 милиони денари.

Кој купува акции на Макпетрол?

Андреја Јосифовски, претседателот на управниот одбор на „Макпетрол“ купил 140 акции во изминативе 30 дена во компанијата што ја преводи, најголемиот малопродажен ланец за нафтени деривати во земјава, објави „Макпетрол“ на интернет страницата на „Македонската берза“ пред два дена.

И Членови на врвното раководство на „Макпетрол“ го следат примерот на Андреја Јосифовски.

Саша Лекиќ се стекнал со 50 акции од фирмата во која е член на управниот одбор .

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија