„Макпетрол“ и даде рок до петок на Топлификација
Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 15:24
Доколку до петок „Топлификација“ не го подмири долгот кон „Макпетрол“ ќе престане испораката на енергенси и природен гас кон неа, најави денеска претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски.
Тој на средбата со новинарите информираше дека до денеска долгот на Топлификација кон Макпетрол по основ на испорачан мазут и природен гас изнесува 191 ипол милион денари.
- Нашето трпение е при крај и ќе испорачуваме до петок. Доколку во петок не биде исплатен долгот на Топлификација миниум од три милиони евра ќе ги стопираме понатамошните испораки, истакна Јосифовски.
Според неговите проценки, имајќи ја предвид динамиката на плаќање на Топлификација до крајот на неделата и потрошувачката, се очекува долгот да порасне на четири милиони евра.
- Ние ниту се закануваме, ниту имаме намера за тоа, туку имаме намера да го штитиме интересот на акционерите на „Макпетрол“ и не сакаме да го губиме бонитетот како фирма кон нашите добавувачи. Било кое решение кое ќе биде изнајдено во овие два дена и ќе ги задоволи нашите барања ќе значи дека ќе продолжиме со испораката на енергенсите кон Топлификација, нагласи Јосифовски.
Додаде дека постои и друга опција, односно да се понуди одложено плаќање на 30 дена но како што појасни за тоа е потребна банкарска гаранција која во моментот Топлификација не може да ја обезбеди.
Според Јосифовски, доколку не се надмине проблемот последиците би биле катастрофални не само кон потрошувачите на топлинска енергија, туку и кон целото стопанство.
- Ако Макпетрол дозволи да се доведе во ситуација да не може да го плати гасот кон рускиот испорачател или мазутот кон рафинеријата Окта, ќе падне гаранцијата која ја имаме дадено за двомесечна потрошувачка на природен гас и сигурно дека ќе бидат стопирани сите понатамошни испораки на гас. Во колатерална штета ќе биде не само Макпетрол, туку и сите останати корисници на природен гас во Македонија, појасни Јосифовски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





