„Макпетрол“ ја пушти во употреба обновената бензинска станица во Гостивар
Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2024 15:07
Во согласност со потребите на своите потрошувачи, „Макпетрол“ постојано работи на подобрување и проширување на својата мрежа на услужни објекти, со цел да го олесни и унапреди снабдувањето со горива, био горива и течен нафтен гас.
Целосно обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Гостивар, лоцирана на булеварот ЈНА 310, започна со работа. На оваа локација, потрошувачите имаат пристап до сите видови ULTRA горива на „Макпетрол“, произведени со напредната Dual Action Technology. Бензинската станица и продажниот објект се достапни за потрошувачите 24 часа, седум дена во неделата.
Реновираната бензинска станица во Гостивар ги исполнува највисоките технички и безбедносни стандарди. Инвестицијата во нејзиното обновување е дел од долгорочната стратегија на компанијата за проширување и подобрување на понудата и услугите за своите потрошувачи. Освен квалитетните ULTRA горива, продажниот објект нуди широк избор на производи од дополнителниот асортиман.
„Макпетрол“ секогаш се стреми да обезбеди врвна услуга и квалитет за своите верни потрошувачи. Компанијата постојано инвестира во модернизација на постоечките и изградба на нови, современи бензински станици. Како водечки дистрибутер на нафта и нафтени деривати во земјава, „Макпетрол“ преку овие инвестиции ја потврдува својата целосна посветеност кон задоволување на потребите на потрошувачите* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





