29 Септември, 2024
0.0244

„Макпетрол“ на Јосифовски лани му исплатил 140.000 евра годишна плата

Објавено во: Економија 07 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

„Макпетрол“ е во загуба трета година по ред. Годишната плата на Јосифовски лани во однос на 2013 година е повисока за 100.000 денари. „Макпетрол“ е единствена компанија што ги објавува платите на сите 12 членови на управниот и на надзорниот одбор; „Макпетрол“ лани платил 8,6 милиони денари ( 139.670 евра) за плата за Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на таа компанија, покажуваат официјалните податоци од Годишниот извештај на Управниот одбор објавен на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Јосифовски, долгогодишен прв човек на најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати, лани добивал месечна плата од 716.670 денари односно 11.634 евра месечно. Неговата годишна плата за 2014 година во споредба со платата за 2013 година е повисока за 100.000 денари односно зголемувањето на месечно ниво е за 135 евра во однос на 2013 година. „Макпетрол“ лани, трета година по ред, работеше со загуба од 1,7 милиони евра, а тоа иако негативен е многу подобар резултат од 2013 година кога загубата на крај на годината била 3,3 милиони евра. „Макпетрол“ е единствена компанија што ги објавува платите на сите челнови на двата раководни органи: управниот и на надзорниот одбор. Корпоративниот пристап кон јавноста на менаџерите на „Макпетрол“ е за поздравување и треба да служи за пример за другите компании чии акции се котирани на Македонската берза. Од објавените податоци се гледа дека Андреја Јосифовски како претседател на Управниот одбор добива 34 отсто од сите пари што „Макпетрол“ ги исплаќа на членовите на управниот и на надзорниот одбор. Другите 11 членови делат меѓусебе 16,4 милиони денари. „Макпетрол“ најголемиот македонски бренд во малопродажба на нафтени деривати трета година по ред книжи загуба во своето работење. Зијанот е 1,7 милиони евра и е резултат на падот на приходите од продажби проследен со пад на расходите. „Макпетрол“ лани од продажба на домашниот пазар реализирал промет од 20,29 милијарди денари што е за 1,12 милијарди денари (5 отсто) помалку од приходите што ги реализирал во 2013 година. Истовремено кај најголемата расходна ставка – набавната вредност на трговски стоки трошокот е 18,35 милијарди денари и е 5 отсто односно 1,03 милијарди денари понизок од трошокот за таа намена направен во 2013 година. Се на се, кога ќе се собере и приходот од продажба во странство кој лани е повисок за 58 отсто односно 290 милиони денари од 2013 година и кога ќе се дополнат сите расходни ставки негативата од оперативното работење е само 4,57 милиони денари. Тоа е одличен резултат во споредба со загубата од 2013 година кога друштвото било речиси 1,5 милиони евра „во була“. Но поразителни се бројките во ставките „финансиски приходи“ и „финансиски расходи“. Затоа што негативната разлика во корист на финансиските расходи е 101,6 милиони денари и тука е суштината на „дебакалот“ на „Макпетрол“. Фактите од Извештајот на паричниот тек покажуваат дека друштвото лани за камати платило 88 милиони денари. Неговите краткорочни обврски по кредити и заеми, според билансот на состојба, лани на 31 декември биле 2,56 милијарди денари (41,56 милиони евра) и во однос на истиот период 2013 година се пониски за еден милион евра. Менаџментот на „Макпетрол“ во образложението кон финансиските извештаи објавено на сајтот на нашата берза објаснува дека главна причина биле високите негативни разлики во цени на залихите на нафтени деривати како резултат на постојаното намалување на цените на деривати особено во втората половина од 2014 година. Повеќе информации на платите на менаџментот во 2013 година можете да прочитате на следниот линк   

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија