„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и од Струга
Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2025 13:16
Работилници против врсничко насилство наменети за родители ќе се одржат во Струга и во Охрид, во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Утре, 4 јуни, со почеток во 18 часот, ваква едукативна средба ќе се случува во струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“. Задутре, 5 јуни, исто така, со почеток во 18 часот, „Крени глас“ работилница ќе се одвива во охридското основно училиште „Григор Прличев“. На двете едукативни средби, родителите ќе имаат можност да разговараат со психологот Деспина Стојановска, а водител ќе биде актерот Сашко Коцев.
Овие работилници ќе бидат 16 и 17 по ред што „Макпетрол“ ги овозможува за родителите во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“. За булингот се дискутираше во општините Гази Баба, Гевгелија (со Валандово, Дојран и со Ново Село), Илинден и Петровец, Бутел и Чучер-Сандево, како и во Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Вакви едукативни средби се одржаа и во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, потоа и во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, на која присуствуваа и граѓани од Виница и од Берово.

Преку работилниците, родителите добиваат простор за подобро да се запознаат со најразличните аспекти на проблемот со врсничкото насилство, и особено, со начините на кои што тој влијае врз развојот на децата. Меѓу темите за кои што се дискутира се и препознавањето на случаите со булинг, но и пристапот што треба да се примени во нивното разрешување. Освен за стручниот аспект, родителите со психологот можат да разговараат и доколку имале лично искуство со овој проблем. Дел од средбите се и претставници на стручните служби на училиштата во општината, кои при случаи на врсничко насилство работат со учениците.
„Макпетрол“потпиша меморандуми за соработка со 26 општини кои што се приклучија и ги поддржаа активностите од општествено одговорната кампања. Во првата фаза од „Крени глас против врсничко насилство“ беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Централен дел на кампањата е интернет-страницата kreniglas.mk. Оваа веб-платформа содржи многу информации, едукативни материјали, како и можност за анонимно споделување лични приказни поврзани со булингот.
Општествената одговорност е еден од најзначајните стратешки приоритети на „Макпетрол“, на чија што реализација компанијата посветено работи низ годините. Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ има за цел да поттикне дискусија и да го зголеми интересот во јавноста за проблемот со булингот.„Макпетрол“ и во иднина ќе работи на планот на општествената одговорност, а голем дел од овие активности и натаму ќе биде посветен на младите.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија
„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците
ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“
Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол
КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона
Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот
„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“




